Одложени сите четири денешни меча во Серија А!

Папата Франциск, духовниот лидер на Римокатоличката црква, почина денес на 88-годишна возраст. Папата вчера се појави пред верниците да им посака среќен Велигден, а утрово стигна веста за неговата смрт.

Вчера беше во инвалидска колична кога се појави на балконот на базиликата Свети Петар и кратко рече „Среќен Велигден“. Потоа им отпоздрави со раката на собраните верници и беше поздравен со громогласен аплауз.

Поради смртта на Папата, челниците на италијанскиот фудбал одлучија да ги одложат сите денешни натпревари кои требаше да се играат.

Според распоредот денеска требаше да има четири меча од Серија А и тоа: Торино – Удинезе, Калјари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус. Дополнително ќе се знае терминот на одигрување на овие средби.

 

- Оглас -

Најнови вести