Фудбалскиот сојуз на Израел најави дека ќе ги откаже сите натпревари кои требаше да се одржат денеска. Ова е во согласност со безбедносната состојба во земјата која со САД го нападнаа Иран, кој најави жесток одговор.
Одлуката е донесена од безбедносни причини и во согласност со упатствата на Министерството за внатрешни работи.
Најверојатно ни кошаркарска Евролига нема да се игра во Израел. На 3-ти март Хапоел треба да игра со Париз, а два дена подоцна е дербито помеѓу Макаби и Хапоел.
Евролигата веќе објави дека натпреварите со турските клубови во Евролигата, во која Макаби и Хапоел се домаќини, ќе се играат во Белград, односно Софија.

