Мечот меѓу Аталанта и Фиорентина, кој беше одложен поради смртта на шефот на Виолетовите, Џо Бароне, ќе мора да се одигра дури по завршување на последното коло во Серија А. Ова стана јасно откако двете екипи се пласираа во финалињата на европските купови и едноставно нема термин кога порано да играат.
Фиорентина ќе игра во финалето на Конференциската лига против Олимпијакос во Атина, а Аталанта ќе биде дел од финалето во Лигата на Европа. Освен борбата за трофејот во Лигата на Европа, тимот од Бергамо игра и во финалето на Купот на Италија на 15 мај, па едноставно нема ниту еден слободен термин кога заостанатиот првенствен дуел од Лигата на Европа може да се одигра.
Двете екипи треба да потврдат дека 2 јуни им е слободниот термин за одложениот дуел, кој првично требаше да се игра на 17 март.
Интересно е дека токму овој последен меч во првенсвото може да има големо значење. Аталанта се бори за место кое води во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо може да обезбеди место во ЛШ и со триумф во Лигата на Европа, па дури и како шестопласирана во првенството да игра во елитната лига на УЕФА.