Одложено е дербито во четвртото коло во Ла Лига

Дербито од четвртото коло на Ла Лига меѓу Севилја и Барселона нема да се одигра според првичниот распоред. Дуелот кој беше закажан на 11 септември е одложен поради што двете екипи нема навремено да се комплетираат по репрезентативната пауза.

Проблем прават јужноамериканските членови на двете екипи кои моментално ги обавуваат обврските. Шпанската федерација првично го одби барањето на Ла Лига да се одложи дербито бидејќи сметала дека тоа не е доволна причина, но челниците на Ла Лига побараа помош од националниот спортски суд, кој донесе одлука дуелот да се одложи.

Допрва ќе се одредува нов термин за одигрување на натпреварот, додека пак поради исти причини се одложи и средбата меѓу Вилјареал и Алавес, која требаше да се одигра истиот ден на 11 септември.

- Оглас -

Најнови вести