Одложено судењето за смртта на Марадона, треба да сведочат над 200 луѓе

Кривичниот суд во Аргентина го одложи почетокот на судењето во постапката за немарност против осум луѓе кои наводно се вмешани во смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона за први октомври.

Првично, судењето требаше да започне на 4 јуни, но Кривичниот суд во Буенос Аирес соопшти дека страните вклучени во случајот за убиство поставиле неколку прашања и тие допрва треба да бидат одговорени и решени.

Еден од најдобрите фудбалер на сите времињаа почина на 20 ноември 2020 година на 60 години од срцев удар. Истрагата започна по барање на неговото семјество неколку дена по смртта затоа што било утврдено дека во неговото лечење имало многу неправилности и недостатоци.

Марадона беше во домашни услови и закрепнуваше по операцијата на главата направена поради крвниот притисок во мозокот. Обвинетите негираат каква било вина. Се очекува на судењето да зборуваат повеќе од 200 сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести