Големото француско дерби меѓу Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен, кое требаше да се игра синоќа, беше одложено поради временската прогноза дека на подрачјето на Марсеј пости голем ризик од поплави.
Поради тоа, дербито беше презакажано за вечерва од 20 часот. Овој термин за дуелот Олимпик Марсеј и ПСЖ се совпаѓа со свеченоста за доделување на Златната топка во Париз. Тоа значи дека многубројната делегација на ПСЖ, меѓу кои се и Витиња, Хакими, како и тренерот Луис Енрике, нема да може да присуствуваат на гламурозната свеченост во Париз.
ПСЖ е актуелен европски првак откако триуфмира во финалето во Лигата на шампионите и стигна до првиот континентален трофеј во елитното натпреварување.
Претседателот на Светците, Насер Ал-Келаифи, вели дека е незамисливо неговите играчи да ја пропуштат гала-свеченоста на Златната топка и дека дуелот против Олимпик Марсеј треба да се игра во пладневен термин.
Сепак, од Олимпик Марсеј ова барање на ПСЖ е одбиено со образложение дека мора да внимаваат на нивните навивачи кои сакаат да дојдат на стадион, па останува терминот за старт од 20 часот.

