27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Одложеното француско дерби направи вистински хаос, терминот се поклопува со Златната топка

Француското дерби помеѓу Марсеј и ПСЖ требаше да се одигра вечерва пред 70.000 гледачи на „Веледром“, но раководството на Лига 1 ги прифати препораките на властите и го одложи мечот поради најавите за екстремни врнежи и можни поплави.

Новиот термин е понеделник во 20 часот, што се поклопува со доделувањето на Златната топка, па фудбалерите и воопшто претставниците на ПСЖ нема да може да присуствуваат. Исклучок е само Усман Дембеле, кој е повреден и нема да игра против Марсеј.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, предложил мечот да се игра порано, во попладневните часови, а потоа целата експедиција на „светците“ да замине на доделувањето на Златната топка, но овој предлог бил одбиен од претставниците на Марсеј, кои сакаат да им излезат во пресрет на навивачите кои купиле билети и да им овозможат да дојдат на стадион по работното време. Одлуката на Марсеј ја поддржале и од Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести