0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Одлучено е кога ќе продолжи најтажниот меч сезонава, сите ќе бидат на теренот, само него ќе го нема

Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи прекинатиот меч меѓу Младост Лучани и Раднички Крагујевац да се доигра на 3 декември. Овој натпревар кој започна на 3 ноември беше прекинат пред крајот на првото полувреме поради трагедијата која се случи. Ненадејно, покрај теренот падна, а неколку минути подоцна почина тренерот на Раднички Крагујевац, Младен Жижовиќ.

На Жижовиќ му се слоши и падна на атлетската патека. Веднаш реагираше лекарската екипа, тренерот беше однесен во болница, но во 41-вата минута стигна најлошата вест, Жижовиќ почина.

Мечот веднаш беше прекинат, а до тој момент Младост на Жижовиќ водеше со 2:0 и со тој резултат ќе продолжи дуелот на 3 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести