Одлучија да играат под специјални услови: украинската Премиерлига почнува на 23-ти август!

Украинското фудбалско првенство ќе почне на 23-ти август, иако руската инвазија на Украина не е завршена.

Министерството за спорт заедно со украинскиата Премиерлига изработија процедури за организирање и спроведување на натпреварите во воена состојба. Мечевите ќе се играат на територијата на Украина, но без присуство на публика. Ако за време на мечот има воздушен напад, средбата ќе се прекине и сите фудбалери, тренери и останати ќе треба брзо да се сокријат во скривници кои ќе ги има на секој стадион.

Клубовите во април решија да ја прекратат минатата сезона и сезоната не се доигра, а не беше прогласен првак (во моментот на прекин, Шахтар Доњецк имаше два бода повеќе од Динамо Киев).

Дел од украинската фудбалска инфраструктура е уништена, а многу странски играчи ги напуштија украинските клубови. Шахтар и Динамо своите домашни мечеви од европските купови ќе ги играат во Полска.

- Оглас -

Најнови вести