На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од четвртфиналето во Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија службено со 3-0 да го добие натпреварот.
Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп-натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.
ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри одалечен од стадионот Чаир во Скопје.