Одлука на која се чудат навивачите: Дали Јувентус беше оштетен против Нант!? (Фото+Видео)

Јувентус разочара на свој терен и одигра само 1:1 против Нант во првиот меч од 16-финалето во Лигата на Европа. Пред мечот, тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, најавуваше дека целта е неговиот тим да го освои пехарот во ова натпреварување за да обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона, но стартот во нокаут-фазата беше неубедлив.

Навивачите на Јувентус, но и тренерот Алегри беа разочарани од португалскиот судија Жоао Пинеира, кој не досуди пенал во корист на домаќините во последните моменти од мечот.

Се играше 95-тата минута кога еден гостински играч со рака ја удри топката која одеше кон голот на Нант. Судијата од ВАР-собата, Тиаго Мартинс, го повика својот колега да ја види сомнителната ситуација затоа што сметаше дека постојат елементи за пенал.

Португалецот тргна да ја види ВАР-снимката, а потоа на неверување на сите на стадионот реши дека немало пенал.

На оваа одлука на главниот судија многумина беа многу лути, а посебно нервозен беше Алегри, кој си замина од теренот пред да биде отсвирен крај на мечот.

Спорната ситуација може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести