Одлуката на судијата Хуан Мартинес Мунуере да не досуди пенал во корист на Реал Мадрид на гостувањето кај Рајо Валјекано е исправна, смета судискиот аналитичар Павел Фернандес, кој беше гостин на Радио Марка. Според Фернандес, арбитрите правило реагирале, иако играчите на Реал протестираа и бараа пенал за нив, и тоа во моментите кога резултатот беше 3:3. На крајот средбата заврши нерешено.
„Нема пенал. Џуд Белингам е тој кој прв го удира својот соиграч Винисиус јуниор. Значи тоа е причината за падот на Бразилецот. Има контакт и со Мунин, но тој контакт доаѓа по ударот на Белингам. ВАР добро реагираше во оваа ситуација и добро е што главниот судија не беше повикан да гледа репетиција. Судиите во ВАР-собата донесоа исправна одлука“, вели аналитичарот Фернандес.
🫡 @PavelFdez analiza la jugada de la polémica en Vallecas:
❌ “No hay penalti, el que provoca la caída de Vinícius es Bellingham, que es el primero que contacta”
🌙En Buenas Noches y Buenos Goles⚽️
📻https://t.co/NLZYepZL3K pic.twitter.com/r2zXo9IXk4
— Radio MARCA (@RadioMARCA) December 15, 2024