Против Манчестер сити има обвинение по 130 точки за прекршување на финансискиот фер-плеј, но веќе три години не се носи никаква одлука. Правилата се јасни и „граѓаните“ треба да бидат исфрлени од Премиер лигата, секако доколку се докаже дека се виновни.
Сепак, британските медиуми обвинуваат дека одлуката постојано се одложува само поради финансиите. Доколку Манчестер сити биде исфрлен од лигата, тоа би значело дека Пеп Гвардиола и големите ѕвезди ќе го напуштат клубот, а носителите на телевизиските права веднаш би ги раскинале договорите.
Тоа би значело финаниска загуба за Премиер лигата од неверојатни три милијарди евра. Секако, би имало и индиректни загуби и намален интерес за англиското првенство во светски рамки.

