УЕФА би можела да го исклучи Кристал Палас од Лигата на Европа, најавуваат британски медиуми, а ваква евентуална одлука каква не се памети, станува реална опција по денешното враќање на Лион во француската Лига 1.
Палас може да го загуби местото во ЛЕ и да биде префрлен во Конференциската лига, а нивното место во Лига Европа ќе го заземе Нотингам Форест.
Лион го задржа местото во Лига 1 по одлуката на Националниот директорат за контрола и управување со фудбалските клубови во Франција со која беше усвоена жалбата на клубот.
Според прописите на УЕФА, два клуба со ист сопственик не можат да играат на ист турнир во Европа, а приоритет му се дава на тимот што се пласирал повисоко во неговото првенство.
Палас се обиде да ја убеди УЕФА дека бизнисменот Џон Текстор го продал својот удел во клубот и дека немаат ист сопственик со Лион кој ќе учествува во Лига Европа.