Басконија ја победи Црвена ѕвезда со 87-85 во меч од кошаркарската Евролига кој беше интересен затоа што тренерот на шпанскиот тим, Душко Ивановиќ, до пред некој месец беше на клупата на Ѕвезда и го избркаа од таму, па ова беше своевидна одмазда.
Белградските Црвено-бели постојани беа во негатива, но имаа шут за три поени на Гидраитис кој можеше да им донесе победа. Топката не влезе во кош, па домашните се радуваа.
Фенербахче на гостувањето кај Барселона првото полувреме го доби со 13 поени разлика, но Каталонците беа многу подобри и ефикасни во вториот дел и извојуваа релативно комотна победа од 89-81 па останаа на второ место на табелата.
Најефикасно беше во Болоња каде Виртус го победи Макаби со 100-90.