Однапред се знае победничката, во женското финале на „Ролан Гарос“ има огромен фаворит

Ига Швјонтек и Јасмин Паолини од 15 часот ја почнуваат битката за трофејот на гренслем турнирот „Ролан Гарос“, а според квотите во Sport Life, вистинско чудо би било ако не победи полската тенисерка која е број 1 на ВТА листата.

Швјонтек оди по третата титула едноподруго на париската земја, а за Италијанката Паолини ова е прво гренслем финале во кариерата и веќе го постигна најголемиот успех. Интересно е дека и Паолини има полско потекло, нејзината баба (мајка на мајка ѝ) е од Полска и живее во градот Лоѓ.

Во Sport Life има голем број игри за мечот, може да се обложите и на конечен резултат. Квотата за победа на Швјонтек од 2-0 во сетови е 1.24, а за победа на Швјонтек од 2-1 квотата е 4.50.

Ако победи Швјонтек, би имала четири титули на „Ролан Гарос“ и би се изедначила со Рафаел Надал кој истотака имаше четири на возраст од 23 години колку што сега има Ига.

Швјонтек на „Ролан Гарос“ не знае за пораз уште од 2021 година, ги добила сите гренслем финалиња досега, а има и 2-0 во дуелите со Паолини.

Паолини ќе се обиде да тргне по стапките на сонародничката Франческа Скјавоне која е единствената Италијанка која го освоила Отвореното првенство на Франција (во 2010 година).

- Оглас -

Најнови вести