Одобрен планот: Во Шпанија 32 дена по ред ќе има фудбал

Фудбалската федерација на Шпанија го одобри планот за играње фудбал во сите денови од неделата, а со тоа е дадено „зелено светло“ за маратонот кој треба да стартува во Примера дивисион. Според договорот, во Шпанија ќе се играат мечеви од првенството цели 32 дена по ред.

Според распоредот, секоја екипа ќе има 72 часа пауза пред одигрување на следниот дуел, а носителите на телевизиските права ќе имаат дозвола да ги пренесуваат сите натпревари.

До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, а маратонот ќе започне на 11 јуни. За првиот ден се закажани дуелите меѓу Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид, Гранада – Хетафе и градското дерби меѓу Севилја и Бетис. По 27 одиграни кола, Барселона е лидер со 58 бодови, два повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести