Ако Наполи ја победи Салернитана, а Лацио не победи против Интер во викенд мечевите, екипата на Наполи и матемамтички ќе ја обезбеди титулата и јасно е дека в недела масовно ќе се слави низ улиците на Неапол.
Италијанските медиуми објавија дека цените во неаполските хотели и други сместувачки капацитети скокнале до небо поради огромната побарувачка, многумина сакаат да бидат во Неапол и да ја видат прославата по улиците и плоштадите во живо. Но, лигата ќе продолжи и по викендов, без разлика дали Наполи ќе ја обезбеди титулата или не.
Од градот Неапол и клубот Наполи објавија дека официјалната прослава на Скудетото ќе се случи на 4 јуни на четири плоштади, а централниот настан ќе биде на стадионот „Диего Марадона“ (влезот ќе биде слободен) со интернационално поврзување и пренос во Њујорк, Јужна Америка и Грузија.