Одреден нов датум за големото дерби во Серија А

Јувентус и Наполи првично требаше да го играат својот меч на 4 октомври, но гостите тогаш не допатуваа поради тоа што имаа заразени играчи со корона-вирусот. Тогаш Јувентус побара и доби службена победа со 3:0, но Наполитанците се жалеа и тоа вроди со плод, па одлучено е натпреварот сепак да се одигра.

Се бараше нов термин за играње на ова дерби, а откако Наполи синоќа испадна од Лигата на Европа, се отвори слободен термин. Мечот во Торино ќе се игра на 17 март, истиот ден кога е закажан и одложениот меч меѓу Торино и Сасуоло, кои требаше да играат вечерва.

Јувентус има 45 бодови и меч помалку во однос на Интер (53 бодови) и Милан (49 бодови), кои се на првите две позиции во Серија А. Наполи досега освои само 40 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести