Денеска беше направена ждрепка за новата сезона во италијанската Серија А, а Интер одбраната на титулата ќе ја почне со гостување кај Џенова.
Од новите прволигаши, Комо во првото коло му гостува на Јувентус, Венеција гостува кај Лацио, додека Парма игра дома со Фиорентина.
Интересно е дека римските градски дербија помеѓу Рома и Лацио нема да се играат есенва, туку двата меѓусебни лигашки дуели ќе им бидат во 2025 година.
Новата сезона во Серија А започнува викендот на 17-18 август и завршува на 25 мај 2025 година.
Паузи за репрезентативни мечеви има за викендите на 8 септември, 13 октомври, 17 ноември и 23 март. Вонредно коло среде недела ќе има само едно, на 30 октомври, а во божиќниот период ќе има натпревари на 22 декември, 29 декември и 5 јануари.