18.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Одреден судијата за Ел Класико, судеше последниот пат кога Реал ја победи Барса

Цезар Сото Градо е делегиран за главен судија на утрешното Ел Класико во Мадрид помешу Реал и Барселона.

Тој делеше правда и на 21-ви април 2024 кога Реал на „Бернабеу“ ја победи Барса со 3-2 и тоа е последен триумф на Кралскиот клуб во соочувањата со најлутиот ривал. На таа средба имаше еден спорен момент кога Ламин Јамал мислеше дека дал гол, но Сото Градо и судиите во ВАР проценија дека топката не ја минала гол-линијата.

На Белите од Мадрид им судел 22 пати, и скорот на Реал е 14 победи, шест нерешени резултати и два порази. Каталонците од 14 натпревари со Сито Градо, добиле шест, имаат три нерешени резултати и пет порази.

Оваа сезона не им судел ниту на едните, ни на другите. Сото Градо има 45 години и ова може да му биде последен пат да суди на најголемото дерби.

- Оглас -

Најнови вести