Одреден судијата за финалето на ЛШ, и Ливерпул и Реал задоволни со изборот

Францускиот арбитер Клеман Турпен ќе биде главен судија на финалето во фудбалската Лига на шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кој ќе се игра на 28 мај во Париз.

Турпен досега четирипати му судел на Реал и Кралскиот клуб има четири победи, од кои последната беше онаа од 3-1 на гостувањето кај Челзи во четвртфиналето. Турпен досега му носеше среќа и на Ливерпул. На Црвените им судел трипати, а тие немаат пораз на овие три средби.

Овој 39-годишен судија лани делеше правда на финалето во Лигата на Европа, а годинава ја доби премијата.

- Оглас -

Најнови вести