Веќе и нема сомнежи дека Бундеслигата и Цвајта ќе стартуваат на 16 мај, а со тоа ќе се означи и камбекот на фудбалот во Германија. Федерацијата веќе ги одреди и датумите за полуфиналните средби и финалето во Германскиот куп.
Дуелите за пласман во финалето ќе се играат на 9 и 10 јуни, додека битката за трофејот ќе се одржи на 4 јули, на Олимпискиот стадион во Берлин. Паровите во полуфиналето се Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен – Сарбрикен.
Сите натпревари нормално ќе се одржат без присуство на публика, проследени според протоколот за заштита и против ширење на корона-вирусот.
https://twitter.com/DFBPokal_EN/status/1259861827808366593