Ждрепката за Светското првенство во Катар е завршена, познати се осумте групи, а некои светски обложувалници веќе извадија квоти за тоа кој ќе биде светски првак.
Според мислењето на експертите, главни фаворити за титулата се Бразил, Англија и Франција. Потоа следуваат Шпанија, Аргентина, па Белгија, Германија и Холандија.
Најмали шанси им се даваат Обединетите Арапски Емирати, Нов Зеланд и Костарика, кои уште не се влезени на СП, треба да играат баражи. Од оние кои веќе се на Мундијал, најголем аутсајдер е домаќинот Катар за кој би било чудо ако ја мине и групната фаза.