Одредени квотите во Sport Life за финалето во Лисабон, се знае кој е фаворит

Баерн Минхен е фаворит на хартија во финалето на фудбалската Лига на шампиони според квотите на букмејкерите на најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life.

ПСЖ ја има улогата на домаќин на финалето кое ќе се игра в недела, во Лисабон, со почеток во 21 часот, а квотата за „единица“ е точно 3.00. За нерешено е 4.15, додека за двојка, за победа на официјалниот гостин Баерн, коефициентот е 2.05.

Ова значи дека Баварците ќе ја имаат улогата на фаворит. До недела вечер може и да има промени во квотите, но тие евентуални промени не би требало да бидат толку големи за да се смени нешто драстично. Во Баерн се надеваат дека нема да им се повреди некој, Светците се надеваат дека нема да има суспензија на Нејмар, кој ги прекрши правилата со менување дрес во полуфиналето, па ќе им се остави на обложувачите да типуваат според свое мислење кој е фаворит.

Кога ќе играат овие два тима, само една работа делува невозможна, а тоа е средбата да заврши 0-0, бидејќи нападите на двата тима се моќни и против секого може да ја затресат мрежата. Квотата за точен резултат 0-0 е 24. Коефициентите за финалето може да ги погледнете на интернет-страницата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести