0.8 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Одредени квотите за европски првак во ракомет, може да уплатите и на македонско чудо

И без Микел Хансен кој замина во пензија, репрезентацијата на Данска е огромен фаворит за освојување на златниот медал на Европското првенство во ракомет кое почнува на 15-ти јануари, а ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Македонија уште во првото коло ќе ја има таа чест или несреќа, да игра баш со моќната Данска и тоа на нивен терен во најголемата сала во нивната држава, во градот Хернинг на 16-ти јануари.

На претходното ЕП во 2024, Данска загуби во финалето од Франција и сега на свој терен ќе бара искачување на европскиот трон за првпат по 2012 година.

Имате и супер патриотска опција да се обложите на Македонија. Квотата на нашите е 999.0. После Данска, во топ 5 фаворити се и Шведска, Франција, Норвешка и Исланд.

- Оглас -

Најнови вести