Одредени осминафиналните двојки за Купот на Македонија

Во „Куќата на фудбалот“, со извлекување беа одредени осминафиналните парови во Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот, Силекс, во претходната рунда не играше, а сега се приклучува и за противник ја доби струмичката Беласица. Во локалните дербија, Вардар ќе го пречека Скопје, додека Шкендија ќе игра против Ренова.

Двојките се: СТРУГА ТРИМ-ЛУМ – БОРЕЦ 1919, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П., ШКЕНДИЈА – РЕНОВА, ВАРДАР – СКОПЈЕ, БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД ЛИХНИДОС, БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС, ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ, ШКУПИ 1927 – ТИКВЕШ 1930.

Ќе се игра само еден натпревар, без реванши. Натпреварите од осминафиналната фаза ќе се одиграат на 20-ти октомври, со почеток  во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести