Одредени саатниците за дуелите на СП 2026: Ако Македонија игра на Мундијалот, навивачите ќе останат без сон

Македонската фудбалска репрезентација го живее сонот за пласман на Светско првенство. Нашата репрезентација е прва во групата од квалификациите за Мундијалот во 2026 година, а вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје потребна е победа против Казахстан.

Додека Македонија мечтае и се бори за првиот историски пласман на планетарен собир, организаторот на Светското првенство ги откри саатниците кога треба да се играат натпреварите.

Следниот Мундијал ќе биде историски затоа што ќе биде прв дури со 48 селекции, а не како што беше досега, кога учествуваа најдобрите 32. Во 40-те денови на мундијалска еуфорија ќе се одиграат 104 натпревари, во период од 11 јуни до 19 јули.

Фактот дека СП ќе биде во САД, Канада и Мексико е знак дека саатницата кога ќе се играат натпреварите нема секогаш да биде во полза на фановите од Европа. Па така сега е познато дека натпреварите во групи ќе почнуваат во четири термини.

Мечеви ќе се играат со почеток од 18 часот, од 21 часот, од 24 часот или на полноќ и во три часот рано наутро по македонско време.

- Оглас -

Најнови вести