Одредено е на кој стадион ќе се играат следните четири финалиња на шпанскиот куп

Стадионот „Ла Картуха“ во Севилја е местото на кое ќе се игра финалето на шпанскиот фудбалски куп на 18 април годинава, а и следните три финалиња во 2021, 2022 и 2023 година.

„Ла Картуха“ го нарекуваат олимписки стадион бидејќи има атлетска патека и беше дел од неуспешниот обид на градот Севилја да добие организација на Летни олимписки игри. Бетис и Севилја си играат на други стадиони, па „Ла Картуха“ е неутрален терен.

Таму во 2003 година се играше финалето во Купот на УЕФА помеѓу Порто и Селтик, а шпанската репрезентација во 2012 година за последен пат настапи таму.

- Оглас -

Најнови вести