Премиер лигата заедно со Фудбалската асоцијација на Англија денес се сретна со прволигашите на состанок на кој не присуствуваа претставници од „големата шестка“, односно Манчестер јунајтед и Сити, Челзи, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, кои се меѓу 12-те основачи на Суперлигата.
Останатите 14 премиерлигаши донесоа едногласна одлука и ги одбија плановите да се состави ново елитно натпреварување од затворен тип.
Целта е да се сочува интегритетот на најпопуларниот планетарен спорт, па затоа управниот одбор на Премиер лигата ќе ги преземе сите мерки и нема да дозволи овој проект да се реализира, а напоредно се приклучи на сите раководни тела во фудбалот во борбата против оваа идеја.