Одвратно: Ѕвезда на Манчестер сити уринираше врз ѕид на хотел, тетоважата го издаде кој е (Фото)

Бекот на Манчестер сити, Кајл Вокер, се најде во центарот на вниманието по еден скандал што го предизвика самиот. Вокер беше снимен од камери како уринира врз ѕидот на хотелот во кој фудбалерите на Сити беа во карантин.

Сведок на „настанот“ изјавил дека било одвратно тоа што го видел, а Вокер и другите ѕвезди мора да бидат повнимателни што прават во јавност бидејќи речиси нема место на отворено кое не се снима.

Вокер излезе од хотел и мислеше дека ќе се сокрие со капуљача, а пред да почне да врши мала нужда, се свртел околу себе да види дали некој го набљудува. Сепак, иако мислел дека нема никој, бил снимен.

Препознатливата тетоважа која ја има на ногата, го „издаде“ англискиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести