Одземањето 10 бода на Евертон е ништо во споредба со можната казна за Сити и Челзи

Евертон е казнет со одземање 10 бода поради прекршување на финансискиот ферплеј, па така Карамелите се најдоа во зоната на испаѓање на Премиер лигата, а во тек е истрагата и против Манчестер сити и Челзи, за кои ако се утврди дека го направиле прекршокот за кој се осомничени, може и да бидат преселени во понизок ранг, што би било вистински земјотрес каков што не се памети во историјата на фудбалот.

Од Евертон најавија жалба на одлуката, а многумина се чудат зошто досега не се казнети побогатите и поголеми клубови.

Сити направил 115 прекршоци на финансискиот ферплеј, а Челзи е „под лупа“ поради чудни уплати на пари кои пристигнувале на офшор сметки на Роман Абрамович. Затоа во овие два клуба не може да бидат мирни во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести