Еибар приреди вистинско фудбалско чудо и само за 17 минути во второто полувреме ја декласира Севилја, анулира негатива од 0:2 и победи со 3:2.
За малиот и симпатичен клуб од Баскија ова е прва победа, а беше забележана на неверојатен начин. Контрите на Севилја во првиот дел беа убиствени за домаќините, а Окампос и Торес со голови донесоа предност од 2:0 за гостите.
https://www.youtube.com/watch?v=i_iTZTnLxJA
Но, Еибар не се предаде и намали на 1:2 со погодокот на Орелјана од пенал во 65-тата минута. Од тука тргна баскиската офанзива, а Педро Леон и Валдес Дијас Коте со прекрасен гол од слободен удар го довршија пресвртот на домаќините само за 17 минути.
https://www.youtube.com/watch?v=s0TFCjlDa1U
Со овој триумф во шестото коло, Еибар побегна од опасната зона и има пет бода на 16-тата позиција, а за Севилја ова е втор пораз по ред што ги врати назад на шестото место со 10 бодови.