Македонија вечерва мора да брка победа против Словенија ако сака да ги задржи шансите за пласман на завршницата на Европско првенство кое се игра следната година. Нашата репрезентација има осум бода од шест меча, додека Словенија е втора во групата со 11 бодови. Тоа значи дека сѐ освен победа, ќе значи крај за Македонија во трката за пласман на континенталниот собир.
Според официјалниот состав Македонија уште од стартот на мечот ќе тргне офанзивно во формација: 3-4-1-2.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, во одбраната се Кире Ристевски, Висар Муслиу и Стефан Ристовски, а во средниот ред ќе бидат Езџан Алиоски, Стефан Спировски, Аријан Адеми и Бобан Николов. Елиф Елмас ќе игра како полушпиц и треба да нападне веднаш зад ударното дуо, капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски.
Еве ги составите на двете репрезентации: