Раководството на Интер се огласи преку соопштените дека не поддржува никаков вид дискриминација и расизам. Во триумфот над Наполи со минимални 1-0, фудбалерот на гостите Калиду Кулибали беше навредуван од страна на навивачите на „нероаѕуите““, по што клубот од „Џузепе Меаца“ доби казна од два меча без публика во домашното првенство.
„Уште од деветти март 1908 година Интер значи интреграција, гостопримство и прогресивност. Со нашиот град, заедно се бориме за иднина без дискриминација и омраза. Овие особини ја дефинираат историјата на Милано, а оној кој не ја разбира историјата, не е дел од нас. Ние како фудбалски клуб сме посветени да ги истакнеме нашите вредности на кој било начин, тие секогаш се изворот на гордост“, стои во соопштението на Интер.