15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Официјализиран Мудрик, постои ли финансиски фер-плеј за Челзи, сезонава потрошија над 400 милиони евра?!

Челзи објави дека постигнале договор со 22-годишниот украински фудбалер Михајло Мудрик. Договорот е на дури осум и пол сезони.

Мудрик е ѕвезда во подем, еден од најдобрите играчи на светот на негова возраст, опасен во ситуациите „еден на еден“, затоа и го нарекуваат новиот Мбапе. Мудрик доаѓа од Шахтар Доњецк, а се зборува дека отштетата која ќе ја добие украинскиот клуб е 100 милиони евра.

Челзи во моментов е само десетти на табелата во англиската Премиер лига, а сезонава потроши енормна сума на пари за нови играчи. Многумина се чудат како Челзи не го прекршува финансискиот ферплеј.

Освен 100 милиони за Мудрик, „фрлија“ и 80,4 милиони за Весли Фофана, 65,3 за Кукурелја, 56,2 за Стерлинг, 38 за Кулибали, а само во јануарскиот преоден рок инвестираа 38 милиони за Бадиашил, 12,5 за Андреј Сантош, 12 за Давид Фофана, и 11 за позајмениот Жоао Феликс. Како капак, доаѓа 100-ката за Мудрик.

- Оглас -

Најнови вести