Официјализирана неправдата на АБА кон МЗТ Скопје, Приморска е исфрлена од лигата

Кошаркарскиот клуб Приморска од Копер и официјално е исфрлен од регионалната АБА-лига затоа што Словенците не се појавија на два натпревари, а два службени порази, според правилата, значат автоматско исклучување. Јадранската лига продолжува со 13 тима.

Приморска не отпатува на гостувањето кај Борац Чачак, а не замина ни во Сплит, па донесена е непопуларна, но сосема очекувана одлука која се насетуваше уште летоска. Приморска со месеци имаше големи финансиски проблеми, но не сакаа да се откажат од играње во АБА и по секоја цена инсистираат да останат и да не му дозволат на МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прва резерва, да влета на нивно место.

Приморска играше девет меча, ги загуби сите, но сега тие мечеви ќе бидат регистрирани со службени 20-0 за противниците на тимот од Копер.

Останува да се види какви други последици ќе сноси Приморска и дали на тој клуб ќе му се забрани во следните три години да не заигра во АБА и ќе му се одреди висока парична казна. Од МЗТ предупредуваа дека може да дојде до ова, но летоска во АБА-лигата имаа разбирање за Приморска и ги прифатија нивните „гаранции“.

- Оглас -

Најнови вести