25.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Официјализирана позајмицата на Паљиња од Баерн во Тотенхем

Португалскиот фудбалер за врска, Жоао Паљиња, во претстојната сезона ќе игра за Тотенхем, и тоа како позајмен од Баерн Минхен.

Платата на 30-годишниот Португалец сезонава целосно ќе му ја плаќа премиерлигашот, а Тотенхем ќе има опција (не е задолжително) следното лето да го откупи Паљиња за 30 милиони евра.

Паљиња веќе има искуство од играње во Англија, во 2022 потпиша за Фулам каде имаше одлична прва сезона, а остана две сезони пред во јули 2024 да замине во Баерн, со кој ја освои Бундеслигата. За националниот тим има одиграно 34 меча, настапи на едно Светско и на две европски првенства, а во јуни ја освои титулата во Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести