Дарвин Нуњес и официјално е нов член на саудискиот гигант Ал-Хилал. Уругвајскиот Пантер доаѓа од Ливерпул и ќе треба да ја пополни празнината во нападот по заминувањето на Александар Митровиќ.
Дарвин кој има 26 години, потпиша тригодишен договор со најголемиот клуб во Саудиска Арабија, а веќе му се приклучи на тимот на подготовките во Германија.
Не седат мирни ни ривалите на Ал-Хилал. Ал-Наср за кој игра Кристијано Роналдо, неодамна го донесе Жоао Феликс, а сега ја засили одбраната со Ињиго Мартинес кој доаѓа од Барселона. Барса официјално се прости од Баскиецот и му се заблагодари за професионалноста, трудот и посветеноста.
is Blue pic.twitter.com/FqJtwuv3nC
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) August 9, 2025