14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Официјална потврда од Италија: „Ренцо Барбера“ ќе биде со полн капацитет, за баражот со Македонија ќе се продаваат уште 10 илјади билети

Италија и Македонија ќе играат на полн стадион во Палермо на 24 март, потврди потсекретарот за здравство на Италија, Андреа Коста.

Во интервју за радио „РАИ 1“, Коста објави дека на стадионите во Италија од последната седмица на овој месец ќе биде дозволен 100 отсто исполнетост на капацитетот на стадионите, а ќе олабават и мерките за ковид-19.

„Точно е дека има мало зголемување на заразени од ковид-19, но, за среќа, нема притисок во болниците и сè е под контрола. Ќе дозволиме полн капацитет на стадионите во финишот на овој месец, а очекуваме лето без никакви рестрикции“, изјави Коста.

Тоа значи дека и капацитетот на „Ренцо Барбера“ за мечот меѓу Италија и Македонија ќе може во комплет да биде искористен и на досегашните продадени 26 илјади билети има можност за дополнителна продажба од уште околу 10 илјади влезници.

Точниот капацитет на стадионот во Палермо е 36.365 места, а првично дозволениот контингент од 26 илјади влезници беше продаден само за два часа.

Ќе се игра првиот бараж од двата предвидени за настап на Мундијалот во Катар, а победникот од мечот во Палермо ќе ѝ гостува на Португалија, или на Турција, на 29 март.

Конечниот победник од овие баражи ќе игра на Светското првенство во Катар, закажано за ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести