32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Бензема ќе игра за историја, Тухел го користи џокерот Вернер (Фото)

Карим Бензема ќе игра за историја во Лигата на шампионите и вечерва ќе се обиде да го постигне третиот хет-трик по ред на реванш-мечот меѓу Реал Мадрид и Челзи во четвртфиналето на луксузното натпреварување.

Бензема им даде по три гола на ПСЖ и на Челзи, а и вечерва ќе го предводи нападот на Кралскиот клуб, кој има предност од 3:1 и игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Томас Тухел се одлучи за поофанзивна варијанта и ќе го искористи џокерот Тимо Вернер во нападот со Кај Хаверц во обид да се анулира негативата од два гола во реваншот.

 

На вториот реванш-меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот, Баерн ќе се обиде да го победи Вилјареал, откако загуби на првиот меч со 0:1.

Роберт Левандовски е голем адут за голови кај Баварците, кои ќе мораат да внимаваат на опасниот Арно Данџума, стрелецот на единствениот гол на првиот меч во Шпанија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести