19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Челзи ќе напаѓа со Хаверц и Пулишиќ, Реал го има убиствениот тандем Бензема и Винисиус на дербито во ЛШ (Фото)

Томас Тухел одлучи да ги остави на клупа Тимо Вернер и Ромелу Лукаку за дербито со Реал Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот на „Стемфорд бриџ“ и за голови ќе бидат задолжени, пред сè, Кај Хаверц и Кристијан Пулишиќ.

Карло Анчелоти одреди стартен состав со убиствениот тандем Бензема- Винисиус јуниор кои немилосрдно ги треат мрежите сезонава.

Во Шпанија, Вилјареал му е домаќин на Баерн во првиот меч од четвртфиналниот двомеч, а гостите се фаворити предводени од Кралот на стрелците во Европа, Роберт Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести