11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Гигантите играат за највредниот клупски пехар, Анчелоти и Клоп ќе го освојуваат Париз со главните адути (Фото)

Ливерпул и Реал Мадрид за еден час ќе го почнат големото финале во Лигата на шампионите во Париз, а веќе се познати и стартните состави.

За рекордерот со 13 европски титули, Реал Мадрид ќе игра со очекуваниот стартен состав, што ќе го предводи капитенот и еден од најдобрите напаѓачи на светот, Карим Бензема.

Ливерпул игра за седмиот трофеј во Лигата на шампионите, а Јирген Клоп исто како и Карло Анчелоти се одлучи за проверени сили, без изненадувања во стартниот состав.

Двајцата тренери се одлучија за формација 4-3-3, а еве ги и стартните состави:

Ливерпул: Алисон – Александер Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон – Фабињо, Тијаго, Хендерсон – Дијаз, Мане, Салах.

Реал Мадрид: Куртоа – Карвахал, Милитао, Алаба, Менди – Каземиро, Крос, Модриќ – Валверде, Бензема, Винисиус.

 

- Оглас -

Најнови вести