Официјални состави: Гвардиола верува во Агуеро, Милнер ќе игра лев бек

Во пресрет на стартот од првите четвртфинални дуели во ЛШ меѓу Тотенхем и Манчестер сити, односно Ливерпул и Порто, познати се официјалните состави на сите четири екипи.

Серхио Кун Агуеро е подготвен да ја тероризира одбраната на „петлите“, иако беше неизвесно дали вечерва ќе настапи. Гвардиола се одлучи да направи промени во средината, Де Бројне се најде на клупата, а на негово место ќе игра Гундоган, додека Марез доби шанса пред Сане.

Покетино не изненади, на теренот ќе истрчаат најдобрите од Тотенхем, а Кејн ќе биде најголемата закана по голот на Едерсон.

Што се однесува за вториот меч кој се игра на „Енфилд“, Јирген Клоп ја покри левата бековска позиција со искуниот Милнер, Робертсон не е достапен поради суспензија, додека Ловрен ќе добие шанса пред Матип, останатото е очекувано.

Порто не може да се потпре на капитенот Ерера, кој нема да игра поради суспензија, но Марега е еден од најопасните играчи сезонава, токму тој ќе го предводи нападот на „змејовите“.

Официјални состави:

Тотенхем – Манчестер сити

Тотенхем(4-2-3-1): Љорис, Трипие, Алдервејрелд, Вертонген, Роус, Винкс, Сисоко, Али, Ериксен, Сон, Кејн.

Сити (4-3-3): Едерсон, Вокер, Отаменди, Лапорт, Делф, Фернандињо, Гундоган, Давид Силва, Марез, Стерлинг, Агуеро.

Ливерпул – Порто

Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Милнер, Фабињо, Кеита, Хендерсон, Мане, Салах, Фирмино.

Порто (4-4-2): Касилјас, Макси, Милитао, Фелипе, Телеш, Данило, Торес, Корона, Отавио, Соареш, Марега.

- Оглас -

Најнови вести