ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Ливерпул од првата минута ќе тргне офанзивно да ја потоне Жолтата подморица

Без многу изненадувања, Ливерпул во формација 4-3-3 ќе го нападне Вилјареал на „Енфилд роуд“, во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Со Мохамед Салах, Садио Мане и Луис Дијаз во нападот, Ливерпул верува дека ќе дојде до предност која ќе му гарантира мирен реванш во Шпанија.

Вилјареал е тимот кој е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите, кој успеа да ги елиминира најтрофејните клубови во Италија и Германија, Јувентус и Баерн Минхен. Сега пред Жолтата подморница е уште еден голем предизвик, а тренерот Унаи Емери реши да игра во формација 4-3-1-2.

Приоритетно за Вилјареал ќе биде да се одбрани, но секако дека гостите нема да се предадат и ќе се обидат да го загрозат и голот на Алисон.

- Оглас -

Најнови вести