Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, ги одбра единаесеттемина фудбалери кои вечерва на арената „Тодор Проески“ од првата минута ќе истрчаат на мегдан во дуелот против Украина.
Гостинот е во улога на фаворит, има многу поквалитетни фудбалери, но домашниот терен и мотивацијата треба да бидат главен адут за Македонија.
Според тоа што го зацртал Милевски, јасно е дека тешко е да очекуваме Македонија да доминира на теренот, но сепак не треба да се заборави дека и ние имаме квалитет, посебно во нападот со играчи како што се Елмас, Несторовски, Трајковски, Барди и Адеми.