Благоја Милевски направи две измени за мечот со Португалија вечерва од 20.45 часот во однос на тимот што ја победи Италија со 1:0, а стартери ќе бидат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.
Од првиот состав испаднаа Чурлинов и Николов, кои се резерви.
Состав на Македонија:
Димитриевски – С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Елмас, Адеми, Барди, Трајковски – Елмас, Костадинов.
Фернандо Сантош одлучи да игра во формција 4-3-3 со Пепе како стопер и без Гереиро, Фонте и Далот, кои играа против Турција.
Состав Португалија:
Д. Коста – Кансело, Данило, Пепе, Мендеш – Фернандеш, Мутињо, Б. Силва – Роналдо, Жота, Отавио.
Мечот се игра од 20.45 часот, а победникот ќе настапи на Мундијалот во Катар во ноември и декември годинава.