Познати се почетните состави за првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ, односно Рома и Порто.
Оле Гунар Солскјер се одлучи на направи неколку измени во однос на мечот во саботата против Фулам. Во нападот предност доби Рашфорд пред Лукаку, а ќе го подржуваат Марсијал и Лингард. Изменета е речиси целата одбрана, остана само Јанг кој ќе игра како десен бек, лево ќе биде Шо, а централниот пар го сочинуваат Баи и Линделоф.
Што се однесува за ПСЖ, познато е дека Томас Тухел не може да смета на Нејмар и Кавани, па затоа Мбапе ќе биде најистурениот играч на „светците“. Зад него се Ди Марија, Дракслер и Дани Алвеш, додека Верати со Маркињос ќе ја држи средината на теренот. Дефанзината линија ја сочинуваат Бернат, Кимпембе, Тијаго Силва и Керер.
Официјални состави:
Јунајтед: (4-3-3) Де Хеа, Јанг, Баи, Линделоф, Шо, Ерера, Матиќ, Погба, Марсијал, Лингард, Рашфорд.
ПСЖ: (4-2-3-1) Буфон, Керер, Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Верати, Дракслер, Ди Марија, Дани Алвеш, Мбапе.
Тренерите на Рома и Порто се одлучија за иста формација во пресрет на дуелот на „Олимпико“.
Рома: (4-3-3) Миранте, Коларов, Фацио, Манолас, Флоренци, Пелегрини, Де Роси, Кристанте, Ел Шарави, Заниоло, Џеко.
Порто: (4-3-3) Касилјас, Телес, Пепе, Фелипе, Милитао, Ерера, Переира, Фернандо, Брахими, Отавио, Соареш.