Десеткуваниот Манчестер јунајтед ќе оди на сѐ или ништо во реваншот против ПСЖ, иако Солскјер вечерва нема да смета на голем број првотимци, како Погба, Марсијал, Ерера, Матиќ, Мата… За „светците“ не претставуваше проблем отсуството на Нејмар и Кавани, на „Олд Трафорд“ направија голем чекор кон пласманот во следната фаза, па сега и „црвените ѓаволи“ веруваат дека можат да направат „чудо“ без дел од главните адути.
Норвешкиот стратег се одлучи да ги стави Рашфорд и Лукаку во нападот, додека со средината ќе раководат Фред, Переира и Мектоминеј.
ПСЖ: (4-2-3-1) Буфон, Керер, Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Верати, Дани Алвес, Дракслер, Ди Марија, Мбапе.
Јунајтед: (4-3-3) Де Хеа, Линделоф, Баи, Смолинг, Шоу, Мектоминеј, Фред, Переира, Јанг, Рашфорд, Лукаку.
На Рома ѝ е јасно дека победата од 2-1 не гарантира сигурен пласман, особено што Порто може само со еден гол да ја елиминира „римската волчица“. Кај португалскиот првак навреме се врати најдобриот стрелец Муса Марега, иако се најавуваше дека ќе ги пропушти двата осминафинални дуели.
Ди Франческо се одлучи да ја смени формацијата и ќе се брани со тројца стопери, додека Карсдорп и Коларов по бочните страни, ќе помагаат и во нападот и во одбраната.
Порто: (4-4-2) Касилјас, Милитао, Фелипе, Пепе, Телес, Данило, Ерера, Корона, Отавио, Соарес, Марега.
Рома (3-4-2-1) Олсен, Манолас, Маркано, Жесус, Карсдорп, Коларов, Н’зонзи, Де Роси, Ѕаниоло, Пероти, Џеко.