Челниците на Барселона и таткото на Лионел Меси денеска имаат разговори на кои треба да се одреди иднината на шесткратниот освојувач на Златната топка. Додека каталонскиот гигант се обидува да го задржи најдобриот играч во клупската историја, Меси реши дека е време да си замине.
Засега нема информации како поминал состанокот, но со потезите кои ги прави Барселона, одлуката на тимот од „Камп ноу“ е јасна. Денеска во фан-шопот на Барселона била донесена нова тура дресови, а речиси 70 отсто од новите дресови кои биле донесени и изложени биле со бројот 10 и името на Меси.
Јасно е дека Барселона од продажбата на дресовите на Меси има заработено милиони евра и ќе биде дополнителен финансиски удар ако Аргентинецот сепак реши да си замине.